Саса до „златни три бода“, тесна трка на радовишани и битолчани за Прва лига

Продолжува неизвесноста за опстанок во Втората лига, но и за влез во Првата лига. Каменица Саса вчера забележа важна победа над Башкими од минимални 1:0, а тренерот Горан Гоцевски за М Нет вели дека одиграле тежок натпревар против добриот тим на Башкими, но за нив најважни се трите бода.

Сега следува репрезентативна пауза, Гоцевски вели дека секој натпревар за нив е како финале, а паузата ќе се искористи за подготовки за важниот меч со прилепска Победа.

Продолжува и трката на радовишани и битолачни за второто место кое директно води во Прва лига. Градскиот стадион во Радовиш остана „неосвоена тврдина“ каде ниту гол дал, ниту бод освоил, а Детонит дома има скор од 11 од 11 и максимални 33 бодови, како и постигнати 24 гола, без ниту еден примен.

„До постигнувањето на првиот гол гостите добро и организирано се бранеа и иако имавме доминација во поле тешко беше да се креираат поизгледни ситуации за гол. Успеавме да го скршиме отпорот и по тој гол работите беа многу полесни за нас и имавме контрола на натпреварот. Ни следува пауза која ќе биде добредојдена по густиот и тежок распоред“, рече Варадиновски за М Нет.

Пелистер сосема очекува со 1:4 го декласираше тимот на Караорман во Струга со што Детонит и Пелистер ја продолжуваат борбата за второто место кое директно води во Прва лига.

Александар Ванев, М-Нет