Каракашев: Раноградинарските култури уништени, овошките се со болести, а житарици има се помалку

Климатските промени негативно влијаат во земјоделството, се уништуваат раноградинарските култури, а болести ги фаќаат овошките кои се во најчувствителната фаза. Ваквата слика на терен зборува за фактот дека се помалку во иднина ќе може да се одгледуваат производи на отворено, се редуцираат препаратите за овошките, а доплнително промените влијаат и врз производството под фолии како по квалитет така и по квантитет.

„Сите сме сведоци на климатски промени и тоа многу негативно влијае врз растенијата, посебно градинарските култури. Ќе имаме сериозни проблеми околу заштитата, а и околу родот. Ако во блиска иднина не се подобрат времнеските услови не чека не баш добра реколта. Во заштитен простор е малку подобро, иако и таму има влијание во производството како по квалитет така и по количини.“ – вели Каракашев.

Ситуацијата е малку подобра кај житните култури, но е далеку од сјајна. Овде врнежите од дожд имаат позитивно влијание од една страна, ама од друга страна пак драстично се намалени површините со житени култури, а нема ниту млада работна сила. Како што вели Каракашев ќе бидеме држава зависна од увоз на храна, а производите ќе бидат се поскапи

„Оваа година за разлика од минатата година ситуацијата кај житните култури е малку подобра со нијанса меѓутоа имаме драстично намалување на површините под житарици. И покрај добрите услови сметаме дека оваа година ќе имаме намалени приноси од житарици.Временските услови не ни одат во прилог и тоа е едниот проблем, вториот се драстично намалените површини, немам работна рака. “ – вели Каракашев.

Има различни начини на заштита на прозиводите вели Каракашев, но за се потребни се и финасии. Нашите земјоделци додава тој немаат доволно и токму затоа климатските промени драстично се чувствуаат и влијаат врз квалитетот и кванитетот на производство, а со тоа се влијае и на цената на производите.

Лаура Стојанова, М-Нет