
На површина од 50 хектари денеска се пошумуваше во опожарените подрачја во Пехчево. Лица од Подружницата Равна река Пехчево, вработените од „Дик Фагус“ Пехчево како и членови од Армијата на Македонија засадија околу шест илјади садници, бел бор и даб. Целта на ваквата активност е да се обноват подрачјата кои беа зафатени од големите пожари пред три години кои го зафатија овој регион.
„Денеска сме овде за пошумување на опожарена површина од 2021 година. Пошумивме површина од 50 хектари заедно со вработените од Дик Фагус Пехчево, наши вработени и Армијата. Пошумуваме со садници од бел бор и даб и засадени се околу 6000 садници.“ – вели Павловски.
Подрачјето за пошумување беше претходно подготвено и денеска сите заеднички учествуваа во акцијата за обновување на белите дробови на државата.
„Денеска се наоѓаме на место викано Света Петка и заедно со општествено одговораната компанија и Армијата вршиме пошумување на опожарени места од 2021 година. Санирано е подрачјето“ – вели Бојчовски.
Годинава е предвидено да се засадат над 100 илјади садници, а веќе од наредната година се планираат поголеми акции за пошумување, со цел да се рехабилитира подрачјето кое беше опожарено во 2021 година. Бојчовски апелираше во ваквите активности да се вклучат и останатите општествено огодврни компании и да се вратат белите дробови на Малешевијата.
Лаура Стојанова М-Нет