Зелката се трошеше како „алва“ на пазарот во Штип, можеше да се најде за 70 денари

Зелката денес се трошеше како алва на пазарот во Штип. Граѓаните купуваа во големи количини, а тезгите речиси празни. Се купуаше и спанаќ, компир и марула, како и тиква, јаболко и мандарина карактеристични за периодов. Според продавачите, цените се идентични како и претходниот петок, па децидни се дека истите се реални согласно макотрпната работа и сушната година.

Купувачите според својо џеб различно гледаат на ситуацијата. За некој скапо, за друг дел скалдно, ама како што велат треба да се јаде.

Овој петок иако беше врнежливо и студнео, сепак тоа не ги спречи граѓаните за да излезат и да ги купат потребните продукти, па затоа тие ги наполнија своите торби и заминаа за да го подготвотат петочното гравче.

Лаура Стојанова, М-Нет