На Денот на Задушница, денеска во пробиштипското с. Ратавица, ќе се одржи 44-ти Марш на Ангелите


Денеска , на Денот на Задушница, 30 мај 2026 година, со почеток во 19:05 часот, за прв пат на спортското игралиште во с. Ратавица ќе се одржи „44-ти Марш на Ангелите“. Со тишина, молитва и запалени свеќи ќе им се оддаде почит на 63-те ангели, на повредените и на сите семејства кои веќе повеќе од година дена ја носат болката во себе. Организаторите се децидни, на Задушница не се заборава, се палат свеќи, се изговараат имиња и се чува љубовта кон оние што физички ги нема, но духовно засекогаш остануваат со нас. Маршот е повик за сеќавање, достоинство и правда. Организаторите велат: „Не бараме пресуда на улица. Бараме правда во судницаʼʼ. Истите ги повикуваат граѓаните да дојдат и да оддадат почит кон починатите.

Дајана Сандева, М-Нет