Дали употребата на марихуана треба да се легализира во Македонија?

Марихуаната е легализирана во повеќе држави низ светот, додека во други е дозволена само за медицински цели или е декриминализирана. Во некои земји декриминализацијата на употребата на марихуаната привлекува голем број туристи. Сепак, останува прашањето дали треба да се легализира и во Македонија. Дел од граѓаните сметаат дека легализацијата е потребна бидејќи марихуаната е веќе достапна и широко користена, па според нив треба да постојат законски рамки за нејзина употреба. Други, пак, се против и предупредуваат на штетните последици по здравјето, особено кај младите, како и на можноста за зависност.

„Па, тоа е тешко прашање. Јас сметам дека треба да се легализира, затоа што луѓето си уживаат во неа, така да оправдано е. Овде е, достапна е. Треба да си има некој законски рамки. Ако веќе некаде е легализирана, треба да се поработе и кај нас малку. Секако, ако не проба нема да знае.“

„Треба, треба да се легализира. Многу голем број пушат и марихуана и се, треба да се легализира тоа. Светот се држи на неа.“

Иако некои признаваат дека марихуаната има и лековити својства, мислењата околу нејзината целосна легализација остануваат поделени.

„Не не, не, во никој случај. По мене тоа е кривично дело.“

„Не треба да се легализира марихуаната заради тоа што тоа е опино средство и може сешто да се случи, како што може и да се предозирате со алкохол, можете и со марихуаната. Иако во многу држави е можеби легализирана, овде во Македонија не предлагам, не е добро за младината, за мозоккот, општо за здравјето и не препорачувам. Лековита, има и посебни масла од марихуана кои се лековити, не препорачувам да се пуши бидејќи тоа не е добро.“

Додека едни ја гледаат легализацијата како чекор кон поголема контрола и регулирање, други сметаат дека заштитата на здравјето и безбедноста на граѓаните треба да остане приоритет.

Дајана Сандева, М-Нет