
Најдобриот стрелец во историјата на Првата македонска фудбалска лига Бесарт Ибраими замина од шампионот Струга Трим Лум, а тој е пред можноста за враќање во тетовска Шкендија, која во новата сезона сака да се врати одново на тронот во македонскиот фудбал.
„Почитувани љубители на спортот, почитувани стружани, сакам да ве информирам дека по меѓусебен договор со раководството нема повеќе да бидам дел од клубот со кој испишавме историја, освојувајќи ја шампионската титула и станувајќи дел од европските натпреварувања. Бескрајна благодарност до претседателот на клубот кој веруваше во мене, им благодарам и на сите останати во клубот, за нивната коректност и соработка во текот на двете години колку што бев дел од Струга Трим Љум. Овој клуб засекогаш ќе остане во моето срце“, напиша Ибраими по заминувањето од Струга.
Најдобриот стрелец во фудбалската елита на Македонија е пред можноста за враќање во Тетово, неофицијално Шкендија го сака неговиот потпис за новата сезона, со што поранешниот прволигаш од Тетово одново да се врати на врвот, а дефинитивно Ибраими ќе биде „моторот“ на тимот кон остварување на оваа цел.
Во минатото покрај за Струга, 37-годишникот ги бранеше боите на Ксанти од Грција, Ермис и Енозис од Кипар, Таврија, Металург Запорожје, Севастопол од Украина, германски Шалке 04, а на домашната сцена беше дел од екипите на Шкендија, Ренова, кичевски Напредок и Велазерими од Кичево.
Во квалификациите за Лигата на шампиони оваа сезона Ибраими постигна два погодоци, а два погодоци постигна и во квалификациите за Лигата на конференции.
Александар Ванев, М-Нет