
По повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов денеска во штипскиот Филолошки факултет се одржа научна конференција. Истата привлече големо внимание од голем број научници како од дражавата и регионот, така и од пошироко. Покриен е добар дел од севкупната творечка актива на Ацо Шопов, почнувајќи од неговата поезија и неговите препеви.
„Интересно е тоа што мошне многу се пишува за препевите на Ацо Шопов конкретно на нашава конференција и тоа препеви на германски, на турски, на руски, англиски, француски. Ацо Шопов е еден од камен темелниците заедно со Блаже Конески за да се конституира македонската современа литература. Тој е преставник на првата генерација поети“ – вели Караниколова–Чочоровска.
Тенденција е конференцијата да прерасне во традиција која ќе се одржува секоја година, а ќе овозможи на идните генерации да чекорат по стапките на поет како што бил Шопов, истакна во својот говор, ректорот Дејан Мираковски.
„Ацо Шопов е еден од најистакнатите македонски поети и се надевам дека ова ќе прерасне во традиционална конфернција која ќе им овозможи на некои нови идни автори да ги следат стапките на поетите и се надевам дека од тука ќе произлезат само решенија на проблемите.“ – вели Мираковски.
Караниколова–Чочоровска потенцираше дека Ацо Шопов и секоја негова песна е доволен повод за инспирација за научнците од странство за да бидат дел од научната конференција.
Лаура Стојанова М-Нет