Во духот на спортот и традицијата Општина Карбинци го одбележа Денот на општината – Спасовден

Вторпат годинава традиционално се одржува турнирот во борење во Општина Карбинци по повод Денот на Општината – Спаовден. Над 70 ученика беа дел од турнирот кој е во организација на двата боречки клуба од општината. Градоначалникот, Виктор Паунов кој беше дел од настанот вели дека ова како традиција ќе продолжи да се негува и во наредните години, а за децата ќе преставува искуство кое ќе се памети.

„Денес е Спасовден, Ден на Општина Крабинци, јас сакам да упатам честитки до сите жители во Општина Карбинци по повод патрон празникот на општината. Денеска одржуваме турнир во борење, традиционално по вторпат во организација на двата спортски боречки клуба на територија на Општина Карбинци. Има 70 – 80 ученика и прераснува во едно убаво искуство.“ – вели Паунов.

По повод празникот на градот се одржа и Свечена седница во Советот на Општина Карбинци со една точка на дневен ред. Предвиден е и ревијален пријателски натпревар меѓу ФК Брегалница и ФК Карбинци, со што во целост ќе се одбележи денешниот ден.

„Заседава Советот на Општина Карбинци со една точка на дневен ред, без работна атмосфера – туку свечена и празнична програма, а ќе има и фудбалски натпревар меѓу ФК Карбинци и ФК Брегалница и во еден спортски дух ќе го одбележиме и крајот на овој ден. Сеѐ она што е планирано е во духот на спортот и традицијата“ – додава Паунов.

Општина Карбинци е рурална општина со 29 населени места, кои се мешавина на националности. Според последниот попис, овде живеат 3.420 жители, од кои 2.159 се изјасниле како Македонци, 857 како Турци, 15 Роми, 10 Власи и 7 Срби.

Лаура Стојанова М-Нет