
Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), со ждрепка беа одредени двојките за трите бараж натпревари за влез во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), за следната сезона 2023/2024.
- БАРАЖ НАТПРЕВАРИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ВТОРА ЛИГА:
Вардар Неготино – Новаци
Башкими – Влазерими
Тетекс – Осогово
Натпреварите ќе се одиграа во недела (28. мај) со почеток од 17 часот, а пак Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најави дека дополнително ќе бидат одредени местата каде ќе се одиграат овие три натпревари.
Колку за потсетување на гледачите на телевизија М Нет, од трите поразени екипи, две со ждрепката ќе бидат извлечени и така ќе обезбедат влез во Втора лига, а пак една екипа ќе „извиси“. Тоа значи дека од овие шест екипи, дури пет ќе влезат во Втора лига.