
Скандалот на вториот човек на Општина Штип со градењето дивоградби е чудо кое помина за три дена, констатираа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму повикуваат на оговорност, посочувајќи дека јавноста треба да знае дали и какви дисциплински мерки ќе има. Упатуваат низа прашања до Јорданов, и апелираат ВМРО ДПМНЕ да не молчи за овој случај.
„Јорданов и после еден месец премолчува и останува нем, во обид да го амнестира сектретарот на Општина Штип од одговорност, кој бесправно градеше довоградба. Јорданов најави дека во тек ќе бидат неколку дисциплински постапки, а јавноста има право да знае за какви постапки станува збор и против кого се истите. Го прашуваме Јорданов дали поради тоа што неговата блиска соработничка е таа што ја злоупотребува функцијата тој не постапува со што селективноста и неправдата одат на штета на општината и дали сектератор на општината ќе понесе одговорност. Јорданов и ВМРО ДПМНЕ молчат и пробуваат да го заташкаат овој сканадл.“ – кажа од СДСМ.

На прашањата поставени од СДСМ Штип до Јораднов, од општината вратија со прашање. Велат дека веќе е покажано дека од нивна страна се работи транспарентно, и прашуваат зошто останатите дивоградби на територија на Штип не се отстанети.
„Во врска со прес конференцијата на СДС, ги информираме дека Општина Штип докажа и покажа дека постапува транспарентно и неселективно, како за овој предмет, така и за сите останати. Меѓутоа, кога СДСМ веќе упатува прашање кон нас, би сакале и ние да ги прашаме нив: Што направи СДСМ во врска со хотелите, хациендите и магацините на локалните олигарси, изградени на државно земјиште без никакво одобрение? Зошто соодветната комисија на централно ниво не донесува решение со кое ќе се овозможи Општина Штип да ги сруши овие бесправни објекти? Дали оваа партија го штити интересот на локалните моќници, затоа што ги финансираат кампањите на СДСМ? “ – вратија од општината.
Настрешницата на вториот човек на Општина Штип ги крена на нозе власта и опозицијата во Штип. Тогаш Јорданов оелодени низа дивоградби на територија на Штип, изградени во време на СДСМ.
Лаура Стојанова М-Нет