Со топли училници и обезбеден превоз започна второто полугодие во училиштата во Штип

Топли училници соодветни за одржување на настава, обезбеден превоз за учениците, во најдобар ред започна второто полугодие од ученбата 2022 / 2023 година во основните и средни училишта на територија на Општина Штип. Наставниците се на работните места, учениците во училишните клупи.

„Второто полугодие на учебната година започна во сите основни основни и средни училишта во најдобра ред. Во врска со во сите училишта има одлични услови за настава, дека се затоплени, а во најдобра ред се одвива и превозот.“ – додава Санева.

Сезонските грипови и настинки не ги оставија празни клупите во Штип. Од секторот образование велат дека се забележува отсустуво на еден до два ученика во одделение, но тоа е нормално и не е загружувачка ситуација.

„Тоа е нормално отсуство како и претходните години пред короната сега тоа е нормално отсуство, нема драстични отсуства како во тој период. Може да се случи по двајца ученици, по еден ученик од одделение да биде отсутен, но станува збор за сезонски грипови, настинки и некои други причини кои се нормални“ – додава Санева.

Основците со нетрпение чекале да се вратат во училипните клупи. Задоволни од првиот училишен ден, велат им недостасувала училишната атмосфера и другарчињата.

Второто полугодие започна денеска, со продолжување од неколку дена по одлука на Министерството за образование и наука, со цел да се заштеди електрична енергија во училиштата.

Лаура Стојанова М-Нет