Наставниците и учениците им ставија Добар (3) на надлежните за нациналната образовна платформа

Министерството за Образование  и Биро за развој на образованието по пласирањето на нациналната образовна платформа од страна на македонскиот наставен кадар  и учителите од источниот регион добија отцена добар(3). Онлајн наставата е оцената со добар три за досега сработеното и низа негативни вреднувања се наредени како факти во спроведената анкета на Метаморфозис.

Во оваа анкета спроведена помегу наставниците, родителите и учениците  се евидентирани првичните резултати од стартот на новата учебна година како и периодот предходно. Со цел да се добијат клучни наоди и мислења и најбитни препораќи кои се упатија до министерката Мила Царовска како и целата извршна власт, во деновите кога се слави празникот на наставникот и детската недела.Наставниците, родителите, учениците  прецизираат дека постои проблем во двонасочната комуникација  наставник-ученик, родителите немаат доволни компетенции за работа со сопствените деца, а децата не се подготвени за самостојно учење. Под итно се наметнува потребата  за инвестирање во надградувањето на вештините во дигиталните компетенции на наставниците. 70 проценти  од анкетираниот наставен кадар   е согласен дека се потребни лап топ, хардвер, но еднакво  и неопходно се потребни итнисофтверски обуки. Една третина од анкетираните ученици се изјасниле дека единствениот интернет што го имаат е на мобилен телефон, немаат пристап до лап топ или компјутер. На сите овие заклучоци министерката Мила Царовска и пред штипските наставници  истапи самокритично  образложувајки го фактот дека  улогата на наставникот во новата реалност го влече со себе петнаест годишниот континуитет на  деградација на професијата. Наставникот е деградиран и од страна на државата и од страна на родителите и од страна на самите ученици. Потребно е мотивирање и враќање на достоинството на наставникот изјави Царовска која се осврна на недостатоците на  единствената образовна платформа за која се потребни  години и години за да се докомплетира и прерасне во солидна национална платформа. Министерката од наставниците побара  имплементирање на нови  дидактички насоки и планирање и спроведување  на квалитетна онлајн настава. Царовска даде цврсто убедување за поквалитетно образование и се заложи за издигнување на професијата наставник. На покана на фондацијата чекор по чекор во соработка со отворено општевство и фондацијата за интернет Метаморфозис беше кажано дека се донирани 150 илјади американски долари за 350 таблет уреди направени се обуки за 405 наставници . Сето ова со цел да се надминат разликите помеѓу учениците кои сега во време на пандемија  се премногу очигледни.

Маре Стојилова М Нет

Дарко Лазев М Нет