Наставник по Македонскиот јазик – дефицитарна професија

Состојбата на ерозија на идентитетски, културолошки па и егзистенцијални сфери во ова општевство бара навремена реакција  на која и предходи изострен сензибилитет, особено изразен кај на научната мисла  како повикана чуварка на оригиналното.

Како да се зачува она нашето од дамнина постоечко, ама низ вековите модифицирано без да се загуби основната нитка водилка на која ќе се базираат и учењата и постоењата на идните генераци  на овие простори?

Ова можеби е прашање за милион долари за обичниот граѓанин но не треба да биде и за носителите  на општевствениот прогрес  кој се темели на силни и некомпромисни постулати. Катедрата на македонски јазик при Универзитетот„ Гоце Делчев“  во функција на заштита и негување на постоечкото, наше, оригинално  уште на почетокот на оваа академска година го искажа својот став.

 Научните работници  соочени со дефицит  на наставници и професори по македонски литературен јазик, храбро побараа и  а раководството имаше сензибилитет да се  стимулира изучувањето на македонскиот литературен јазик. Во време кога младите се повеке јасно говорат англиски, германски и останати западноевропски јазици, при тоа заборавајки го сопственото и правилното мајчинско говорење, токму УГД  додели шеесетина  поволности на исто толку студенти во првата академска година во која се ослободени од партиципација.

Три месеци потоа  на позасилен пристап и стимулирање на зачувување и негување на јазикот наш насушен, денес првиот министер Зоран Заев  пред  македонистите проговори дека македонскиот јазик е извор на научни истражувања.

 Во улога на покровител  на мегународната конференција на која значајно учевство земаа и професори македонисти од Штип, премиерот Заев употреби архаичен македонски израз  нарекувајки ја пандемијата пуста,  во стилот на Коста   Солев Рацин. Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот Зоран Заев

“Според него токму ваквите меѓународни конференции испраќаат силна поддршка за негување на нашот македонски јазик.

Тој порача граѓаните да бидат чувари на македонскиот јазик, бидејќи јазикот сме сите ние“

 Од друга страна во стилот на внимателни слушачи присутните на мегународната конференција порачаа дека пораката, е слушната особено од засегнатите  професори македонисти, но она што е неопходно е можеби имплуисвна позитивна реакција,  веднаш и сега за еден од најзначајните сегменти на македонштината.

Маре Стојилова М нет

Дарко Лазев М нет