Преку продажба на парцели ќе се надминува економската локална криза

Пандемијата континуирано ја диктира локално економската мок а таа полека белеѓи надолна линија. Градоначалниците како своевидни менажери на локалното стопанство и чувари на локалниот стандард со оваа состојба се справуваат како знаат и умеат. На некои им оди од рака на други пак не, едните бараат постојано помош од државната каса прку разни форми на субвенционирање се обидуваат да го ублажат ударот, додека другите се консолидираат на локално ниво и  максимално преку сопствените визионерски економски проекции се потпираат на локално територјално – ресурси. Во тој контекс навремено, планирано и одговорно делува работата на кочанската локална самоуправа. Николчо Илијев, градоначалникот на оваа општина за М нет изјави дека, проектот на кој оваа општина работи во последните три години сега е пред фаза на урбанистичка финализација и денес е распишанана објавата за отуѓување на градежно земјиште. На продажба се ставени осум градежни парцели со намена комунална супраструктура, односно за градби за производтсво на енерегија – фотоволтаични централи со капацитет до 1 мегават.
Парцелите се наоѓаат во Катастарската општина Тркање и се со површини од 18 835 до 24 130 м2

Градоначалникот Илијев напоменува, дека ова ќе бидат значајни приходи за општината во време на пандемија и во многу ке ја помогнат економската слика на оваа локална самоуправа во делот на уредување и директен допринес за нејзин развој. Во кочанската бизнис јавност владее голем интерес закупување на овие атрактивни државни парцели кои се протегаат покрај левата страна на  новиот експресен пат од Штип кон Кочани. Предел кој е многу осветлен од сонце, со вкупно 300 сончеви денови во годината. Природен ресурс за обновлива енергија и производство на алтернативен извор на се пооскудните класични енергетски потенцијали во светот. Натурализираните западноевропски кочански гастербајтери ја препознаваат можноста за инвестирање и заработка. Според информациите до кои дојде М нет стравот од инвестирање во ваков вид на бизнис е надминат особено кај нашите иселеници од странсво. Поголем дел од гастарбејтерите кои со години живеат во западноевропските земји, кои сакаат да останат анонимни најавуваат учество на јавното надавање бидеки според нив почетната цена за купување на ова државно земјиште и поставување на фотоволтаични централи како бизнис на иднината е многу логичен и оправдан. 
Рокот за пријавување за учество во електронското јавно наддавање за градежните парцели за фотоволтаици е до 24 ноември 2020 г., а јавното наддавање ќе се одржи на 26 ноември.
Почетната цена за сите градежни парцели е 200 денари за метар квадратен.

Маре Стојилова М нет

Дарко лазев М нет