Тепачка помеѓу браќа во Штип

На 19.10.2020 во 14.30 часот во Полициската станица Штип, 36 – годишен маж пријавил дека на 17.10.2020 околу 21.00 часот, пред куќа во Штип, бил физички нападнат од неговиот брат и двајцата браќа на неговата сопруга, сите од Штип. По комплетирање на случајот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.