
Вчера во СВР Штип, М.П.(49) од Штип пријавил дека околу 17.00 часот во неговата автоработилница на ул.„Лески“ во Штип, дошол В.М.(45) од Штип, кој најпрвин почнал да го навредува и да му упатува закани, при што се обидел и физички да го нападне, но бил спречен од Т.Ц.(48) од Неготино. По кратко време во работилницата влегле М.М.(23), С.М.(47) и уште пет непознати лица, од кои две физички го нападнале Т.Ц. Се работи на расчистување на случајот и по целосно комплетирање против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.