
,,Напумпани“ цени на станови, квадратот скапо се плаќа, многумина и понатаму живеат со своите родители, по три генерации, под еден покрив, во иста куќа. Младите, но и повозрасни во Штип категорични дека цените се доста скапи, но велат дека со две работни места, еден брачен пар би можел да си го овозможи тоа. И додека од една повозрасните помагаат на своите деца, сепак од друга страна реалноста е дека не е доволно. Без да се задужат во банка, невозможно е велат младите да се одвојат и да почнат свој живот.
Кога е во прашање живеењето со родителите, многу млади не се решени животот со својата парнерка да го почнат во иста куќа. Според повозорасните тоа е и причина за да не се женат. Но, од друга страна велат и во странство нема повеќе печалба.
Според граѓаните, цените на становите порано биле достапни, а сопствениот дом можел да се обезбеди без толку големи трошоци. Сега како што велат, младите се принудени да земаат кредити што ги обрзуваат на децении, само за да имаат покрив над глава.
Иван Митев, М-Нет