Наместо на улица во контејнер – се менуваат ли навиките на граѓаните за чиста животна средина?

Дали животната средина и околината ќе биде чиста зависи од нас самите, комуналниот инспектор при Општина Штип, Борче Везенков посочува дека граѓаните треба да водат грижа за местото во кое живеат. Спроведените обуки и предавања изминатиот период даваат резултат ама навиките на граѓаните тешко се менуваат, вели тој. Затоа треба да се води сметка, а бенифит ќе има за сите.

„Тешко се менуваат навиките на граѓаните, но треба да сванат и самите граѓани дека животната средина и околината ја правиме ние самите. ЈП е задолжено за собирање на отпад, но ние самите мора да го селектирмае отпадот и со тоа да имаме и бенифит како општина, а и бенифит како граѓани.“ – вели Везенков.

Во меѓувреме посочува дека од наредниот месец ќе започна и генералка викенд акциите во Штип, каде се чистат критични точки од отпад со цел да се стави крај на дивите депонии и да се создадат чисти површини за живеење.

„Генералка викенд во Штип ќе се одржи на 18 мај, сабота. Отпад ќе се собира на неколку локации кои се критични. Откако ќе се исчисти тој тип на отпад, ако не се контролира местото може повторно да се создаде дива депонија, што значи мора да имаме постојани контроли.“ – додава Везенков.

Везенков е дециден дека потребни се контроли за да не се создаваат нови депонии. Најпрво се опоменуваат лицата, а потоа следуваат и казни со цел да се стопира создавањето на депонии во градот и приградските населби.

„Со казни одиме во некоја крајна фаза. Првично одиме со опомени и доколку лицата прекршители не постапат по тие опомени се оди со запосник за сторен прекршок и глоба за сторен прекршок . Глобите се движат во износ од 40 евра до 200 евра во денарска противвредност. Канзите се поголеми за правните лица“ – дециден е Везенков.

Апелот останува ист да се води грижат за животната средина, да се чува чиста, а отпадот да завршува на места кои се за таа намена.

Лаура Стојанова, М-Нет