Траги од измет на миленичиња по центарот на Штип. Недоволна култура, или неангажираност?

Траги од измет од домашни миленичиња е секојдневна слика која го „краси“ центарот на градот Штип. Граѓаните за М- Нет телевизија, запрепастени од несекојдневната појава на анкетата изјавија дека одговорноста треба да ја сносат сопствениците. Дел од нив неодговорноста ја препишаа на недоволната ангажираност, додека другите на нивната не култура. Се со цел да се апелира на позголемено ниво на хигиена која е за доброто на сите.

Иако според член 19 од Законот за јавна чистота, освен на местата определени за фрлање смет, се забранува оставање измет од домашни животни и миленичиња на отворените простории на јавните објекти, со што сопствениците на кучињата се должни со кесичка да ги собираат фекалиите на милениците, се чини дека некои граѓани воопшто не ги засегаат казните од 50 евра.

Лаура Стојанова, М-Нет телевизија