Намалени загубите во ЈКП „Никола Карев“ – Пробиштип, ќе се преземат мерки за помала загуба на вода

Мерки и активности во насока на спречување поголеми загуби на вода треба па придонесат во подобрување на финансиската состојба на пробиштипското комунално претпријатие „Никола Карев“. Директорот на претпријатието вели дека во тек е и тендерска постапка за санација на градскиот резервоар, што е главна инвестицијата која треба да даде особен придонес во оваа насока. Во следниот период, до крајот на годината треба да се намалат за барем 10%, додава тој.

„Во ЈКП се врши промена на водомери и промена на радиомодули. Распишана е тендерска постапка и веќе е избрана фирма која може нив да ни ги достави за преку промена да ги намалиме загубите на вода. Работиме на неколку инвестиции, едно нешто е да ја прифатиме атмосферската вода на улица „Доне Божинов“, проек вреден околу 850.000 денари. Работиме на улица „Крсте Мисирков“, исто така за прифаќање на атмосферските води и промена на водоводна мрежа за утре да не се прекопува асфалтот што е поставен скоро“, вели директорот.

Во насока на намалување на загубите се и разговорите со работници кои досега не поднеле тужби по основ на неподмирени обврски на претпријатието кон нив. Директорот додава дека на тој начин претпријатието не би ги имало адвокатските, нотарските и судските трошоци. Во последниов квартал исплатен е регресот за годишен одмор за 2022 година, зголемена плата, како и бенифициран стаж.

„За првпат по толку години во ЈКП на работниците им се исплаќа и бенифициран стаж, имавме исплата на регрес за годишен одмор за 2022 година по спогодба со синдикатите во висина од околу 1 денари. Тука е и зголемената плата за околу 10% што однесе околу 350.000 денари. Како што кажавме и претходно, 235.000 денари се адвокатски и нотарски трошоци што се платени претходниот период, меѓутоа фактурите се сега стигнати, затоа влегоа во овој финансиски извештај. Ако ги одземеме сите овие работи, да задоцневме со исплатата на регресот или да ја пролонгиравме исплатата на 10%, ние ќе излезевме во позитивиа од околу 200.000 – 300.000 денари“, додава директорот.

Во шестмесечниот период финансискиот извештај на ЈКП „Никола Карев“ бележеше загуба од 1.330.000 денари, а во последниот период е 866.000 денари, што значи дека загубите се намалени за 465.000 денари.

Ребека Спасова М-Нет