
Прволигашот Брера Струмица за новата сезона промовираше уште две нови засилувања, станува збор за 20-годишниот Самуел Наков кој има македонско и шпанско државјанство, како и 25-годишниот колумбиски интернационалец Јорк Бецера.
Наков стана дел од првиот тим на Брера, а минатата сезона настапуваше за второлигашот Дунав Русе во Бугарија каде имаше девет настапи. Новото младо засилување потекнува од младинските погони на шпански Рода каде бил и член, а во својата кариера има настапувано за Ханиотис од Грција, а игра во средниот ред и во нападот и има одлични перформанси.
Бецера е дефанзивец играч за врска кој минатата сезона настапуваше за колумбискиот тим Реал Картагена.
Во новата сезона Брера најавува атак на горниот дел од табелата во Првата македонска фудбалска лига, односно ќе ги напаѓа местата за излез во Европа.
Александар Ванев, М-Нет