
Брегалница од денес ја започнува својата цел за враќање во Првата македонска фудбалска лига, откако минатата сезона како последнопласирана испадна од елитата.
Од страна на фудбалскиот клуб Брегалница беше најавено дека ќе се изготви анализа за да се утврда причините за испаѓање на Брегалница од Прва во Втора лига, а во спортскиот магазин „Трибина“ на телевизија М Нет, портпаролот на Брегалница, Горан Стаменков рече дека како поглавни причини за испаѓањето е лошата селекција на фудбалери и лошите трансфери.
Стаменков вели дека конкретно вината не може да ја превземе никој, бидејќи Брегалница функционирала како клуб во целина.
Брегалница во новата сезона влегува со една цел, а тоа е да се врати експресно во Првата лига.
Во новата сезона Брегалница е еден од главните фаворити заедно со Македонија ЃП за експресно враќање во Првата лига.
Александар Ванев, М-Нет