
Точно во 7 часот утринава беше отворено избирачкото место во КПУ Затвор Штип. 221 осудено лице од цела Македонија имаат право на глас во штипскиот затвор. Од утринава гласањето се одвива непречено и без проблеми.
„Нашето гласачко место беше отворено точно во седум часот. Вкупно гласачи на списокот имаме 221 и досега гласањето се одвива нормално без никакви проблеми. Во затворот во Штип има осуденици од цела Македонија“ – вели Парчаклиева.
Согласно податоците на ДИК на ниво на државата денеска гласаат 2162 затвореници, од кои најмногу гласачи има во КПД Идризово 938 и во затворот во Шуто Оризари 391.
Во државата утре ќе се одржат осмите по ред локални избори. Ќе се гласа на 3474 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кадидатски листи. На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи однсно независни кандидатури. Право на глас имаат 1.832.415 гласачи.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет