
Првиот круг во Првата женска фудбалска лига е комплетиран со одигрување на натпреварите од деветте кола, а со тоа веќе се познати и екипите кои дефинитивно ќе бодат борба за опстанок во фудбалската елита во женска конкуренција.
Новајлијата Вардар, Топ Гол, Речица и повратникот Кочани се екипи кои до крајот на оваа натпреварувачка сезона ќе водат борба за опстанок во Првата лига.
Како што е познато последнопласираната екипа директно испаѓа во Втората женска фудбалска лига, а пак претпоследната деветта позиција води кон баражот за можен опстанок во Првата лига.
По девет кола Вардар е седми со пет бодови, а по четири бодови имаат Топ Гол, Речица и екипипата на Кочани.
Самата табела дава јасна слика дека овие четири екипи ќе водат борба за опстанок, а сите останати за што повисок пласман. Шампионот Љуботен по девет кола има максимални 27 бодови и се наоѓа на првото место, втор е Скопје со 24 бодови, а пак Тиверија Брера е трета со 18 бодови. На четвртото место е Ас Јунајтед со 16 бодови, додека пак по 15 бодови имаат Истатов и Каменица Саса за делба на петтото место.
Вардар е седми со пет бодови, Топ Гол Речица и Кочани се во долниот дел со по четири бодови. Екипата која игра бараж за опстанок речиси и сигурно го доби тој дуел пред се поради големата разлика во квалитетите на екипите, но и поради темпото и квалитетот на натпреварите.
Александар Ванев, М-Нет