
Фантастична атмосферата во Порто за вечерашниот натпревар помеѓу Португалија и Македонија. Навивачи од Истокот допатуваа во Порто од многу европски држави. Помеѓу навивачите можеше да се забележи само оптимизам за вечерашниот натпревар и пласман на Македонија на Светското првенство во Катар оваа година. Дружбата на навивачите продолжува на стадионот Драгао во Порто.

