
Официјално е отворена првата регионална канцеларија за млади во просториите на Дом на култура Ацо Шопов Штип. Оваа канцеларија е предвидена да служи како простот за работа, вмрежување и организирање на активности што бесплатно ќе им стои на располагање на младите во регионот.
„Јас силно верувам во младите и нашата институција е силно фокусирна кон профилирање и градење на нивните творечки и уметнички капацитети, затоа што секој чекор од нивна страна е искрен и со желба за подобра иднина во нашата земја.” – изјави Горан Трајков, директор на НУ Центар за култура „Ацо Шопов“, Штип
Оваа канцеларија се отвори во рамки на прокетото Млади хаб и ќе помага за градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите. Проектот е финансиран и од Британската амбасада во Скопје.
„-Кога инвестираме во младите и им даваме можности да научат нови вештини и да ги развијат своите капацитети, тоа истовремено им помага и ним и на нивните заедници. Поопширно, ваквата поддршка обезбедува цврста основа што ги мотивира младите да се справат со нови предизвици и да допринесат кон развојот на државата, а со тоа да обезбедат посветла иднина за сите граѓани на Северна Македонија., појасни Ендру Бренд, програмски раководител во Британската амбасада во Скопје.

Овој проект да се одржува жив уште многу години беше една од препораките на првиот човек на Општина Штип, Иван Јорданов кој исто така беше дел од настанот.
Со отворањето на канцеларијата Млади хаб ќе се креираат нови можности за младите во Источниот дел од државата.
Лаура Стојанова М-Нет