
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски денес официјално беше претставен во Џирона како најново засилување, за хитот во шпанска Ла Лига, откако новиот тим на штипјанецот лани заврши на високото трето место, а со тоа Џирона ќе игра во Лигата на шампионите.
Миовски во Џирона доаѓа како замена за Артем Довбик, а интересот за штипјанецот беше голем од повеќе екипи како Еспањол, Џенова, Саутхемптон и други екипи, но сепак Џирона беше таа која го обезбеди потписот на Миовски, а договорот е во време траење од четири години.
Миовски ја одигра својата најдобра сезона во дресот на Абердин, во сите конкункуренции постигна 26 погодоци, а тоа предизвика огромен интерес кај многу европски екипи. Миовски со новиот тим во новата сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Во шпанската фудбалска елита ќе има двајца македонски репрезентативци, покрај Миовски, во Ла Лига настапува голманот Столе Димитриевски, кој од Рајо Ваљекано се пресели во тимот на Валенсија.
Џирона новата сезона ја започна со реми против Бетис на гостински терен откако одигра 1:1, а овој викенд Џирона ќе гостува кај Атлетико Мадрид.
Александар Ванев, М-Нет