М Нет испиша уште еден голем успех на спортски план: Реализирани три телевизиски преноси од Втората лига!

М Нет телевизија вчера испиша уште еден голем успех на спортски план, откако реализираше три телевизиски преноси од Втората македонска фудбалска лига.

Преку директни преноси од Кочани, Куманово и Неготино гледачите на М Нет телевизија можеа да проследат три натпревари. Во Кочани се соочија екипата на Осогово и Детонит Плачковица, а овој меч можевте да го следите на М Нет телевизија, додека пак мечот од Куманово каде се соочи Башкими и Беласица можевте да го следите на спортскиот канал М Нет Спорт, а исто така на М Нет Спорт можевте да го следите и мечот меѓу Вардар Неготино и Охрид, кој се одигра на „Цвај арената“ во Неготино.

М Нет телевизија е посветена на македонскиот спорт и дава максимален простор на екипите особено и на нисколигашите. Тоа што како спортска редакција го работиме изминатите години дава голем успех за македонскиот спорт конкрено за фудбалот.

Трите реализирани телевизиски преноси на М Нет, со комплетна графика и статистика, со репетиции од најдобрите моменти и погодоци уште еднаш го подигаат нивото на Втората лига на многу повисоко ниво.

Нашата цел и во иднина ќе биде на веќе трасираниот пат за голем медиумски простор на македонскиот спорт, за што го реализиравме и спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија.

Во овие неколку изминати сезони вршевме преноси од секој стадион во Македонија, речиси ги посетивме сите градовите од каде нашите екипи преносуваат преноси, а ги посетивме и селата каде што се игра фудбал.

Како спортска редакција на М Нет телвизија остануваме посветени на македонски спорт.

Александар Ванев, М-Нет