МЗТ Скопје, Работнички и Пелистер во АБА 2 лигата

Во новата сезона од АБА 2 лигата три кошаркарски екипи од Македонија ќе земаат учество.

МЗТ Скопје, Пелистер и Работнички ќе настапуваат во новата сезона од АБА 2 лигата.

Екипата на МЗТ Скопје со триумф ја започна новата сезона откако во првото воведно коло македонскиот тим славеше со 68:50 над Тиват од Црна Гора.

Во рамки на групата А каде што е МЗТ Скопје играат и екипите на Цедевита и Хелиос Домжале.

Работнички е во групата Б со екипите на Војводина Нови Сад, Босна и Сутјеска, а Работнички во рамки на првото коло вечерва игра со Сутјеска.

Екипата на Пелистер е во групата Ц со екипите на Широки Бријег, Подгорица, Џокер и Вршац, а во рамки на првото коло битолчани ќе се соочат со Широки Бријег на 1. октомври.

Во новата сезона од АБА 2 лигата ќе се натпреваруваат 17 екипи, кои се поделени во три групи по четири екипи и една група со пет екипи.

Александар Ванев, М-Нет