
Музичарите и угостителите откако излегуваа на протести по една неуспешна средба во Владата, денес се на повторна средба со првиот министер во извршната власт. М нет дознава дека средбата поминала во најдобар ред, но сеуште немаат прецизен одговор на нивните барања. Не ги одобруваат укинувањата на лицените на угостителските објекти кои наскоро ке стават катанец на врата и во кои не смеат да музицираат. Музичарите засега не најавуваат протести за да дадат поддршка за сите засегнати сектори од пандемијата со коронавирусот.
Тие уште еднаш на состанокот побарале да се повлече мерката за забрана за настапи во угостителските објекти. Образложението е дека не може целата естрада да трпи поради несовесни менаџери и сопственици на кафулиња кои ги прекршуваат протоколите. На музиќарите денес им се придружиле и оркестрите кои живеат од свирење на свадби. Спореед сите засегнати оваа индустрија е пред колапс како и сите останати од музичката уметност која е најдобрата терапија во коронавирус.
Маре Стојилова М нет
Игор Зиврев М нет