Власта констатира дека сите градинки се безбедни

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека состојбата во градинките е стабилна и оти институцијата со која раководи, заедно со Министерството за здравство будно ја следи. Засега 10 деца и 21 вработен во градинките биле позитивни на корона вирусот, а сите се во добра здравствена состојба. Во изолација поради позитивни случаи се 150 деца.

– Ние будно ја следиме состојбата зошто градинките беа првите уста

Според неа, децата кои биле позитивни, не ја стекнале инфекцијата во градинка. – Тоа го тврдиме врз основа на податокот дека сите членови на постесните семејства се позитивни. Најверојатно инфекцијата ја донеле од дома, потенцира Шахпаска.

Таа вели дека за Mинистерството и за Владата здравјето е најважно и поради тоа заедно со Mинистерството за здравство будно ја следат состојбата. Таа додава дека ќе се види како ќе се одвива состојбата со коронавирусот во земјата и согласно тоа ќе се преземаат мерки. Во моментов, вели Шахпаска, децата се безбедни во градинките и ако се почитуваат сите протоколи за нивна работа ризикот е минимален. Музичарите и угостителите откако излегуваа на протести по една неуспешна средба во Владата, денес  се на повторна средба со првиот министер.

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет