
Уште една потврда за посветеноста на Брера Струмица кон младите категории, откако младите на Брера Струмица станаа шампиони на Македонија, а шампиони на Македонија станаа и помладите пионери.
Младинскиот состав на Брера стана шампион на Македонија откако во последното коло со 7:1 ја декласираа Победа и ги освоија потребните три бода со што го подигнаа шампионскиот пехар. Момците на Мартин Алаѓозовски оваа сезона беа олдични во секој сегмент, а потврда за тоа се постигнатите 99 погодоци во овие 22 одиграни кола.
Шампионска титула обезбедија и помладите пионери кои со 2:7 славеа над прилепска Победа со што во оваа убедлива и доминантна сезона сосема заслужено го подигнаа шампионскиот пехар.
Штипјанецот Борче Постолов кој е координатор во младинските категории на Брера Струмица уште еднаш ги потврди своите заложби за овој голем фокус кој е ставен на младинските школи, а тоа е потврдено со големите успеси и двете шампионски титули.
„Благодарение на нашата управа на чело со нашиот претседател легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев, кој ја имаме целосната поддршка за нормално функционирање на младинската школа на Брера Пандев, како координатор мора да бидеме задоволни од завршената сезона, каде што шампиони станавме со генерација 2008 односно помлади пионери и генерација 2005 односно младинци, со генерација 2006 се пласиравме на втората позиција зад шампионот Работнички. Со генерација 2007 и 2008 во среда ги играме финалињата од Купот на Македонија во Скопје против екипата на Пелистер. Од нашата школа има многу деца кои ги бранат боите на македонската фудбалска репрезентација имаме околу 35 деца. Во нашата младинска школа тренираат вкупно над 350 деца, од највозрасните 2005 до најмалите 2017/18. Ние како клуб им даваме шанси на младите деца да играат и тренираат во нашиот сениорски тим што е наша цел да вадиме млади деца за сениорскиот тим“, рече во изјава за телевизија М Нет, Борче Постолов кој е координатор на младинските погони на Брера Струмица.
Ова е голем успех за младинските школи на Брера Струмица, клуб кој вложува многу во младинските погони.
Александар Ванев, М-Нет