Мицкоски: Основната потрошувачка кошница во Македонија е најевтина во Европа, според Еуростат

Македонија има најевтина основна потрошувачка кошница во Европа, тврди премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи ги најновите податоци на Евростат. Како што рече, вредноста на основната потрошувачка кошница изнесува 49,7 проценти од европскиот просек. На прашањето дали тоа е доволно, Мицкоски одговори дека не е. Најави дека лично работи на анализа на околу 600 производи што влегуваат во пресметката на статистичката потрошувачка кошница. Според него, овие податоци ги демантираат критиките за состојбата со трошоците за живот во земјата.

,,Детално навлегуваме во оваа проблематика, лично јас се занимавам во идентификување на тие 600 производи кои што влегуваат во статистиката и лично тоа го имам јас како врвен приоритет. Добро е тоа што еуростат излезе со параметар, во кој што вели дека основната потрошувачка кошница во Македонија е најевтина во Европа, убедливо најевтина е некаде од прилика 49,7 проценти од европскиот просек.

Дали е тоа доволно – не е, но тоа ги демантира сите оние кои што не сакаат оваа држава да успее и кој што не сакаат да ја видат Македонија горда и напредна и кој што се практично сите оние зли јазици, кои што создаваат една лоша, тмурна атмосфера во општеството и ваквите податоци ги демантираат тие антидржавни елементи во Македонија.“, кажа Мицкоски

Премирот Мицкоски вели дека лично работи на методологија идентификување на тие 600 производи, кои што статистички се мерат.

Дека треба да работиме, ќе работиме и јас лично работам на методологија идентификување на тие 600 произовид кои што статистички се мерат дирекно ако треба ќе одиме фактура по фактура.“, рече Мицкоски

Според премиерот, во следниот период се очекува да се работи на намалување на цените на основните производи. Тој вели дека преку анализите ќе се види каде може да се интервенира. Целта е да се олесни кошничката за граѓаните.

Иван Митев, М-Нет