
Над 300 првачиња досега се запишани во петте основни училишта во Штип за новата учебна година. Од Општината велат дека бројката не е конечќна, бидејќи дел од родителите ќе можат да ги запишат своите деца до септември. И годинава уписите се реализираат според утврдената реонизација, која ги распределува учениците по училишта. Иако се можни одредени исклучоци, правилата се почитуваат.
,,Заврши уписниот рок за првачињата за учебната 2026-2027 година и вкупниот број на досега запишани ученици во сите пет основни училишта е над 300, меѓутоа ова не е вкупната бројка. Очекуваме дека и во септември ќе дојдат родителите со своите ученици кои што не се запишале од одредени причини и имаат можност повторно да ги запишат учениците во основно образование. Реонизацијата е документ кој што го донесува советот на општина и ја поделува територијата на училиштата и училиштата. Истата се почитува иако одредени исклучоци се можни, но се почитува.“, кажа Санева
Од Општина Штип потсетуваат дека за упис на прваче се потребни извод од матична книга на родени, доказ за родителство или старателство, како и потврди за вакцинален статус и извршени здравствени прегледи
,,За секој упис е потребно лични документи на ученикот, извод од матична книга на родени, доказ за родителство односно старателот, а исто така тука се неопходни и потврдите кои што се потребни за вакциналниот статус на детето. Детето треба да ги има сите вакцини, потоа треба да има потврда за офталмолошки преглед и потврда за направен преглед кај заболекар.“, додаде Санева
Од Општина Штип велат дека е се уште рано за конечни проценки, бидејќи дел од уписите допрва ќе се реализираат во наредните месеци. Очекувањата се дека бројот на запишани првачиња до почетокот на учебната година да го достигне нивото од лани.
Иван Митев, М-Нет