
Градоначалниците и министрите да вложуваат во обуки и развој на вработените, порача денес премиерот Христијан Мицкоски во својата изјава. Тој нагласи, секој вработен во институциите треба да добие шанса за професионален развој и менторство, затоа што како што рече тоа не е трошок, туку најпрофитабилна инвестиција. Мицкоски и понатаму повика да бидат двигатели на промени и да ја водат Македонија кон европската иднина, ослободувајќи ја од партизацијата.
,,Апел до министрите и градоначалниците, ве повикувам да продолжите да ги поддржувате ваквите програми, осигурајте се дека секој вработен во вашите институции ќе има пристап до обука, менторство и можност за професионален развој. Ова не е трошок, ова е најпрофитабилната инвестиција и ова е само почеток. Верувам дека секој од вас ќе биде амбасадор на промената во својата институција. Ќе ја понесете оваа енергија и ќе ја претворите во резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат. Времето на Македонија е сега, ние сме генерацијата која што мора да ја извлече државата од мракот на партизацијата и да ја однесе во светлината кон европската иднина“, рече Мицкоски
Премиерот Мицкоски и понатаму повикува на работа. Рече дека со обукиите ќе се создаде јавен сектор, кој ќе биде двигател на развојот на државата и партнер на граѓаните.
,,Ве повикувам учете, прашувајте, дискутирајте. Бидете храбри да воведувате нови практики, бидете тие кои ќе остават администрацијата по ефикасна, почесна и посила од било кога. Заедно ќе создадеме јавен сектор, кој нема да биде само апарат на државата, туку двигател на развојот, партнер на граѓаните и гарант за европската иднина на татковината.“, додаде Мицкоски
Инаку, премиерот и понатаму потенцира, времето на Македонија е сега и дека тие се генерацијата која што мора да ја извлече државата од мракот на партизацијата и да ја однесе во светлината кон европската иднина.
Иван Митев, М-Нет