Дерби на Алкалоид и Еурофарм Пелистер, Вардар на тежок испит против Охрид, Радовиш оди на гостување кај Пролет

ФОТО: Александар Ванев

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од третата рунда на ракометната Суперлига во машка конкунреција.

Третото коло носи две дерби пресметки во Автокоманда ќе се соочат Алкалоид и актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, а пак дерби во Скопје ќе играат и Вардар против Охрид.

Фокусот дефинитивно ќе биде на овие две средби бидејќи овие четири екипи ќе водат борба за титулата.

Бутел пак на домашен терен ќе се соочи со тимот на Прилеп, а пак Куманово ќе биде домаќин на Еурофарм Пелистер 2.

Радовиш ќе има неизвесно гостување кај Пролет во обид за триумф.

Александар Ванев, М-Нет