Митко Стојанов е избран за најдобар земјоделец за 2023 – завршија Деновите на кочанскиот ориз 

Митко Стојанов од Кочани е избран за најдобар земјоделец – оризопроизводител за 2023 година. Повеќе од 20 години се занимава професионално со производството на ориз и ова е единствениот начин на егзистенција за него и неговото семејство. И покрај лошата година, лошите временски услови како и големиот број болести кои се појавија кај белото злато, се надева на успешна година и доволно приноси.

„Оваа година имаше проблем со болести затоа апелирам до сите надлежни институции во државата кога ќе имаме проблем да излеваат на терен да ги откриваат недостатоците и да ни помагаат во заштита на оризот. Оваа година се очекуваат намалени приноси, има штети од болестите и затоа наредната година треба да бидеме повнимателни, подготвени да ја почнеме годината.“ – вели Стојанов.

Изборот на најдобар земјоделец за 2023 година беше во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“. Централната манифестација беше во селото Мојанци каде традиционално рачно се зажнеја оризот,  се вршеше ориз на гумно, а вредните раце на домаќинките подготвија традиционално јадења од ориз.

Успешна жетва им посака Бачевски на оризопроизводителите при посетата во Мојанци, посочувајќи дека државата и понатаму продолжува да инвестира и да им помага на земјоделците.

„Оризопроизводството во изминатиот период се соочуваше со доста предизвици кои со многу напори да се решава. Сакам да им посакам на сите оризопроизводители успешна година“ – вели Бачовски.

Со караванот „Македонијо во срце те носиме“ кој го наполни градскиот парк во Кочани се спушти завесата на 32. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“. Во склоп на истата на програмата изминатите три дена се најдоа петнаесетина културно – уметнички содржини, содржини од забавен и стопански карактер.

Лаура Стојанова М-Нет