Џепчишти убедлив против Дрита, Влазерими пресилен за Камјани

Денес беше комплетирано 2. коло Трета лига – Запад со две убедливи победи. Фаворитот Влазерими Ј 1977 на домашен терен со 4:0 славеше над Камјани. Хет-три на натпреварот постигна Албулен Имери, а еден гол постигна Лабинот Елези.

Новајлијата Џепчишти со 4:1 славеше над Дрита на домашниот терен во Порој. Гостинот прв стигна до водство во 48. минута со голот на Рамадани, а потоа домашниот тим го сврте резултатот и стигна до триумф од 4:1 со погодоците на Синани, Абдулаху, Саљиу и Даути.

Како што вчера објави телевизија М Нет, Напредок со 3:1 славеше над Љуботен, а пак Речица ги подели бодовите за Зајази играјќи 1:1.