Миовски: Секогаш е одлично чувството кога одново сме во репрезентативниот дрес

Македонската фудбалска репрезентација го оддржа вториот тренинг во Анталија, Турција во рамки на подготовките за контролните натпревари против селекциите на Молдавија и Црна Гора.

Напаѓачот Бојан Миовски вели дека секогаш е одлично чувството кога одново ќе се соберат сите во репрезентацијата.

Штипјанецот кој настапува за шкотски Абердин вели дека доколку целта Македонија да игра на големо натпреварување треба да се играат контролни натпревари и со одлични репрезентации. Додава дека треба да се слушат насоките од селекторот, а вели дека различно е чувството кога ќе се постигне гол за репрезентацијата.

Македонија на 22. март ќе игра против Молдавија, додека пак на 25. март ќе игра против Црна Гора.

Александар Ванев, М-Нет