Мини турбо кружен тек ќе се изгради на крстосницата кај штипски Суитлак

Мини турбо кружен тек ќе се изгради на крстосницата кај штипски Суитлак. Заради безбедносни причини оваа крстосница ќе добие кружен тек, чија внатрешност ќе биде со овални површини кои ќе поврзуваат пет улици од кои една води кон Клиничка болница Штип.

„Средината на кружниот тек нема да биде правилен круг, туку ќе биде со овални, заоблени површини кои ќе овозможат брзо движење на возилата на оваа кружна крстосница. Реконструкцијата заради безбеднсни причини“ – вели Блажева.

Во наредниот месец треба да започнат активноснотите на терен за реалзиција на прокетот кој Општина Штип ја чини нешто помалку од 10 милиони денари.

„Станува збор за една сообраќајна точка која создава проблеми на учесниците во сообраќајот. Во наредните месци ќе влеземе во фаза на тендерирање и ќе го решиме и овој сообраќајен проблем кој беше нотиран“ – додава Јорданов.

Во изминатиот период се уреди крстосницата во населба Сењак, како и крстосницата кај градската цква Свети Никола во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет