Само изгорени греди остана од некогашната амбуланта од времето на Југославија во близина на Лакавица

Некогаш здравствениот дом во близина на село Лакавица била најблиската амбуланта која ја користеле жителите кога имале потреба. Денеска состојбата во која се наоѓа е далку од функционална. Освен изгорени греди, разрушен кров, нема ниту прозорци ниту врати оти сѐ е изгорено, откако претходно сѐ што можело да се користи било украдено. Обрасната трева пред објектот оставен на забот на времето е сликата на амбулантата која некогаш се користела. Повозрасните жители од село Лакавица се сеќаваат на болницата, велат оддамна постоела и се користела ама била од големо значење за нив. Доаѓале лекари од градот и на тој начин тие не морале да минуваат повеќе од десетина километри за да одат на доктор. Помладите не се сеќаваат, велат само дека најблиската болница сега им е во Штип.

„Да, да имаше болница на 20 километар, имаше едно време, за време на Југославија. Едно време тука имаше една медицинска сестра, ама веќе нема.

За објектот кој некогаш служел како болница, а денеска се распаѓа нема историски податоци оти како што сведочат повозрасните граѓани постоел во време на Југославија. Велат дека потребно е да се преземат мерки за негова реконструкција и истиот да може повторно да се користи, со што жителите од околните поблиски села би можеле да го користат.

Лаура Стојанова М-Нет