
Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип една од инстутуциите кои покажале позитивен прием во работата и вложувањето, е заклучокот на министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска која денеска беше во работна посета на Дом на култура и Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип. Вели за првпат како министерка е овде и е задоволна од она што можело да се види на терен. Забележа дека конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес е се уште активен и очекува добри проекти од страна на апликантите.
„Бидејќи Центарот за култура претсавува навистина еден позитивен прием во работата и во вложувањето на користење на Буџетски средства и на сопствени средства во унапредување на работата на оваа институција. Работна посета, еве првпат како министерка сум во Штип и навистина ми е многу драго ќе се запознаам со работата. Јас очекувам квалитетни проекти и за буџет дополнително ќе разговараме“ – кажа Костадиновска – Стојчевска.
Што се однесува за Законот за култури посочи дека се уште е во изработка и додека не се слушнат сите засегнати страни, па не може да информира кои се клучните промени. Но, додава дека се работи за младите и можноста истите да најдат работа веднаш по дипломирањето.

„Една од најголемите проемни е што активно ги вклучуваме младите и штотуку дипломираните студенти. Ова значи дека има категорија каде тие ќе може да се вработуваат веднаш после дипломирањето.“- додаде Стојчевска.
Костадиновска Стојчевска се надевам дека економската криза нема да влијае врз кратењето на средтсва, не во културата и не во Домот за култура Ацо Шопов Штип. Ова се должи на фактот дека оваа институција има највисоко ниво на заштеда на електрична енергија со истиот период лани и дека се следат препораките од Владата. Прашана дали наредната година Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ ќе добие поголеми средства, министерката за култура истакна дека има стручна Комисија која ги разгледува проекти и одлучува колку средства ќе се издвојат.
Лаура Стојанова М-Нет