Кочани ќе го добие првиот центар за дијаспора, договорот потпишан

Потпишан договорот за отворање на центар за дијаспора во состав на Општина Кочани. Денеска во посета на општината беше Министерот за дијаспора Џемаил Чупи. Со потпишување на овој договор ќе им се помогне на иселениците од дијаспората да може полесно да ги остваруваат своите права во повеќе домени.

„Со потпишување на овој договор правиме еден почетен, формален чекор во делот на поставувањето на една ваква точка која ќе и биде на располагање нашите иселеници од дијаспората, а во суштина со понатамошното функционирање ќе бидеме на услуга на луѓето од дијаспората кои престојуваат во матичната земја, во повеќе области. Во делот на уредување на нивните права од работен однос, во делот на здравствено и пензиско осигурување, матичните евиденции и така натаму.“ – кажа Папазов.

Канцеларијата односно отворениот центар е предвидено да има посреднички карактер. Целата е да се врати довербата на дијаспората во институциите во државата, преку остварување соработка меѓу Централната и Локлна власт. Истовремено, со вакви центри и помош која ја добива дијаспората се прави чекор напред за тие да се вратат во својата татковина.

“Овие канцеларии се осмислени да имаат посредничка услога. Тоа значи кога се работи за интерот за нашата дијаспора централната и локлната власт мора да соработуиваат меѓусебе. И со подобра комуникација да се врати довербата на дијаспората во државните институции. Нешто што верувам дека е важно да се потенцира е делот на помош што ќе го дава оваа канцеларија во Општина Кочани кога се работи за помош и посредување, забрзување на сите постапки за нашите граѓани во дијаспората“ – додаде министерот

Олеснување на дијаспората ќе се пружи и во делот на електронските услоги. Ова е третата канцеларија односно центар за дисјапора кој се отвара во државата, а е дел од Националната стратегија за дијаспора на Владата.

Лаура Стојанова М-Нет