
Многу празници, високи цени и уште повисоки сметки – многу тешко, вака штипјани го поминаа навидум најдолгиот месец во годината, месец јануари. Почнувајќи од новогодишната еуфорија, па кон божиќните празници и до крајот на месецов граѓаните велат дека чувствуваат оти јануари траел барем како два месеца. Цените во продавниците, велат, одат само нагоре – надолу, а сметките за електрична енергија се сѐ повисоки.
Надеж за подобар февруари кај дел од граѓаните има, кај друг дел не. Дел се на ставот дека побрзо ќе поминат 28 дена од февруари, а други воопшто не очекуваат подобар месец со ниски пензии и плати.
Во меѓувреме, додека граѓаните се несигурни во однос на намалувањето на цените и инфлацијата, надлежните уверуваат дека инфлацијата сигурно ќе биде пониска. Минатата година истата забави во ноември месец, па просечната годишна инфлација беше речиси 14%. Годината граѓаните ја започнаа со инфлација од 18,7%, колку што истата беше во декември месец, а само за храна и пијалоци беа потребни нешто повеќе од 19.000. Во однос на платите и пензиите, пак, се најавува нивно покачување во месец март.
Ребека Спасова М-Нет