Во ЖИВО на М Нет: Брегалница – Победа, сабота од 16:30 часот

В сабота се играат натпреварите од последното 30 коло на Втората македонска фудбалска лига, а на М Нет телевизија ќе можете да го следите во живо натпреварот во Штип меѓу Брегалница и Победа, кога штипските „сини“ по мечот ќе го добијат и шампионскиот пехар и ќе го прослават влезот во Првата лига.

Фудбалскиот клуб Брегалница за овој натпревар ќе организира и свеченост и ја повикува штипската спортска јавност, верните навивачи да дојдат и да бидат на стадионот и да ги поздрават фудбалерите во „сини“ дресови предводени од тренерот Влатко Костов за успехот кој го остварија – влез во Прва лига.

Сите вие кои нема да можете да бидете на стадионот, натпреварот ќе го следите во живо на М Нет телевизија со почеток од 16:30 часот.

Александар Ванев, М-Нет