
Денеска во општина Кочани во чест на Тодор Милосиев се одиграа меѓусебни шаховски партии. Тој остави значаен придонес и постигна големи шаховски резултати како на државно така и на меѓународно ниво. На денешниот натпревар биле пријавени 15 учесници но очекували уште неколку учесници да се пријават.
„Целта на овој настан е по повод Тодор Милосиев, кој беше долгогодишен играч на Кочани. Бевме втори, трети во лигата, една година бевме први. Тодор игра од дете шах, од 15 години започна до 70 играше“
Според нашиот соговорник не е тешко да се игра шах само е потребно малку размислување и логика. Шахот е добар за помладите за нивното подобро размислување, но и со цел да научат нешто ново.
Занитересираност кај младите постои но тие велат има потреба од младинска школа со што интересот би се зголемил.
„Треба да се има желба да се игра и да не се откажувате доколку изгубите“
Учесници можше да се забелажат од дечиња па се до возрасни. Задоволство да се игра на ваков настан беше огромно,бидејки Милосиев бил посветен и се грижел за постојано напредување.