Дрвени лажици рачно изработени, работа многу, трудот слабо ценет

Дрвени лажици, сукало, разни дрвени предмети за домаќинство се изработуваат рачно и им се нудат на граѓаните во Кочани. Со различни големини и за разни цели се изработуваат а им служат на граѓаните. Потребно е добро дрво, вели нашиот соговорник, но и многу работа, а трудот малку се цени. Побарувачка речиси и да нема, но сепак мора да се работи за парче леб.

„Зависи од цената, од пазарот. Ние ги изработуваме рачно. Тешко се прават, рачната работа е тешка, ама кај нас не се цени трудот“

Во село Полаки кочанско има доста дрва, но треба да се избре вистинското за да може да се изработи убава и кавлитетна лажица на пример. Но, загрижува фактот што малдите не го наследуваат овој, а и многу други занаети кои злато вредат. Останале само повозрасните кои изработуваат рачно предмети, а после нив за занаетот останува само да се зборува. Ова се должи на фактот дека цената на лажиците е ниска,а трудот малку ценет.

Побарувачката на дрвени производи пред сѐ зависи од цената, велат произведувачот од кочанско Полаки и од потребата на граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет