Стартува „Црнилиште Куп 2024“ – пријавите се во тек, за прво место 150.000 денари!

Во тек се пријавите за новото издание на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2024“, кој ќе започне на 5. јуни годинава, а кој се одржува во село Црнилиште во општина Долнени.

Котизацијата за учество по екипа е 6.000 денари, а екипа може да се пријави на следниве телефонски броеви: 071/242-203 Самедин МИмери и 070/857-046 Ибрахим Рушани.

Рокот за пријавување на екипа е до 30. мај, а ждрепката е закажана за 31. мај годинава.

За прво место е предвидена парична награда од 150.000 денари, за второто место е предвидена парична награда од 90.000 денари, а пак третопласираната екипа ќе добие парична награда од 60.000 денари.

Предвидени се и специјални награди на самиот турнир.

Турнирот ќе се игра според бод систем, а ќе го судат професионални судии што е потврда за одличната организација на овој турнир како и во изминатите години.

Бројот на екипи за новото издание на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2024“ е ограничен на 32 екипи.

Александар Ванев, М-Нет