
Добро подготвување и чување на месото, умереност со алкохолот и зголемена внимателност при престој во природа, ова се клучните препораки за првомајските излети. Лекарите предупредуваат дека високите температури го зголемуваат ризикот од расипување на храната и појава на здравствени проблеми. Затоа се советува консумирање na лесна храна и доволен внес на вода во текот на денот. Во природа, потребна е заштита од крлежи преку соодветна облека и внимателно движење, како и избегнување контакт со диви животни и змии. При било каков инцидент, граѓаните треба да останат смирени и навремено да побараат медицинска помош.
,,За време на топло време, се препорачува лесна храна ако овошје и зеленчук и термички добро обработено месо. Се препорачува месото и млечните произовид да не бидат долго време на топло, бидејќи може да дојде до расипување на истите. Исто така се препорачува лицата да внесуваат доволно течности во текот на денот и пред се на вода.“, рече д-р Тања Адраманова, Итна медицинска помош Штип
,,При престој во природа да се носи затворена облека и да се избегнува висока трева. Да се држи дистанца со животните и да се избегнува директен контакт. При враќањето задолжително да се провери кожата за да не дојде до присуство на крлежи.“, додава Адраманова
Особено внимание, д-р Адраманова обрнува на контактот со животните и инсектите. Апелираше на внимателност, особено при враќањето дома. Порверка на телото, за да не дојде до несакани последици.
,,Во случај на присуство на крлежи на телото, не се препорачува самостојно одстранување од страна на неискусно лице, бидејќи е со неправилно стискање, стискање, вртење или користење на несоодветни предмети, може да доведе до оставање на дел од крлежот во телото и да се предизвикат разни инфекции. Крлежите најчесто се вадат во здравствените установи и тоа се стерилни материјали. Доколку пак има каснување од змија, тогаш лицето треба да остане смирено, за да не дојде до ширење на отровот и да се побара медицинска помош.“, потенцираше Адраманова
Лекарите и понатаму советуваат, граѓаните да бидат внимателни, да не се претерува со алкохол и мрсна храна, туку 1 мај да се одбележи со здрава храна и течности.
Иван Митев / М Нет